Dieu et mon droit

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Мотото е напишано на лента (подножје) под штитот на Кралскиот грб на Обединетото Кралство

Dieu et mon droit (изговор: дју́ е мон дроа́; од фр., „Бог и моето право“) е традиционално мото на англиските, и подоцна, на британските монарси од неговото прифаќање од страна на кралот Хенри V (1413–1422). (Освен ова, на еден кралски грб може да стои и лично мото на монархот, како на пример SEMPER EADEM (од лат., „Секогаш ист“) на Елизабета I , и Џејмс I често ја истакувал фразата BEATI PACIFICI (од лат., „Благословени да се миротворците“)).

Мотото е на француски јазик се преведува на англиски како God and my right. (Во полна верзија, мотото на англиски гласело „God and my right shall me defend“.[1] Ова првобитно се пишувало како Dieut et mon droict на тогашниот француски, но подоцна отпаднале буквите t и c во согласност со промените во францускиот правопис.

Фактот што англискиот двор има мото на француски јазик не треба да се смета за необичен, земајќи в предвид дека англискиот релативно скоро го заменил францускиот како јазик на англискиот кралски двор и владеачката класа. На кралскиот грб се јавува и старофранцуското мото на Редот на подвеската, напишано на слика на подвеска и гласи: Honi soit qui mal y pense, („Срам да му е на тој што го смета за зол“).

Фразата Dieu et mon droit наводно за прв пат била употребена во 1198 како лозинка на кралот Ричард I во битката кај Жизор, кога тој ја поразил војската на францускиот крал Филип II (франција)Филип II. Со ова Ричард се изјаснил дека својата кралска власт не ѝ ја должи на ниедна сила освен на Бога и неговата наследност, и како таков не ѝ е потчинет на ниедна земна сила или на друг крал. Ова е во согласност со доктрината на божјето право на кралевите.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Наводи

  1. Четвртиот дел од правните институти на Англија: За јурисдикцијата на судовите, од Едвард Коук Пристапено на 31 јули, 2008 (англиски)
  • Dieu et mon droit. MSN encarta. Пристапено на 16 декември, 2007.
  • Dieu et mon droit. Merriam-Webster OnLine. Пристапено на 16 декември, 2007.
  • What is the origin of the mottoes 'Dieu et mon droit' and 'Honi soit qui mal y pense'?. britain usa FAQ. Пристапено на 16 декември, 2007.