Кралски грб на Обединетото Кралство
Од Википедија, слободна енциклопедија
| Кралски грб на Обединетото Кралство | |
| Верзии | |
|---|---|
Грбот во употреба на Британската влада | |
Грбот во употреба на Министерството за Шкотска | |
| Подробности | |
| Носител | Елизабета II |
| Усвоен | 1837 |
| Крест | Златен лав, кралски крунисан кој стои на кралска круна; мантија од злато и ермелин |
| Штит | Маршалување: 1 и 4 Англија, 2 Шкотска, 3 Ирска; четвртините за Англија и Шкотска си ги менуваат местата на шкотскиот грб. |
| Држачи | Златен лав и сребрен еднорог |
| Подножје | Тјудорска роза, Детелина и Магарешки трн |
| Мото | француски: Dieu et mon droit |
| Ординарии | Орден на Подвеската |
| Претходни верзии | видете подолу |
| Употреба | На сите парламентарни закони; корицата на британските пасоши; разни владини институции |
Кралскиот грб на Обединетото Кралство (англ. Royal Coat of Arms of the United Kingdom) е официјален грб на британскиот монарх, моментално кралицата Елизабета II. Овој грб се користи од кралицата во својство на монарх, и како такви официјално се нарекува нејзин „Грб на власта“ (Arms of Dominion). Варијанти на кралскиот грб користат други членови на кралското семејство; како и британската влада во врска со администрација и управување со земјата. Во Шкотска кралицата користи посебна верзија на кралскиот грб, варијанта која се користи во Министерството за Шкотска (наречено Scotland Office).
Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина прикажани се по три лава на Англија; во втората, лав обрабен со кринови за Шкотска; а во третиот пак, харфа за Ирска.
Крестата е лав кој ја носи империјалната круна, која самата е друг приказ на таа круна.
Левиот држач е исто така крунисан лав, кој ја симболизира Англија; левиот држач е еднорог, кој ја симболизира Шкотска. Според една легенда еднорогот се смета за многу опасна ѕверка; затоа хералдичкиот еднорог е опкован со ланец,[1] како што се двата еднорози-држачи на кралскиот грб на Шкотска.
На долниот дел од грбот стои мотото на англиските монарси, Dieu et mon droit („Бог и моето право“), како и мотото на Редот на Подвеската, Honi soit qui mal y pense („Срам да му е на тој што го смета за зол“) на приказ на подвеската зад штитот.
Содржина |
[уреди] Шкотска
Кралицата има посебна верзија на грбот за Шкотска, каде шкотските елементи имаат почесно место.
Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина е прикажан лавот на Шкотска; во вториот, трите лава на Англија, додека во третиот се неоѓа харфата на Ирска.
Крестата брз круната на Шкотска е црвен лав кој седи и гледа напред, а самиот ја носи шкотската круна и ги држи другите два елемента на шкотските обележја, имено Државниот мел и Жезолот на Шкотска. Вака изгледала и крестата на грбот на Кралството Шкотска. Според традицијата на шкотската хералдика, мотото стои над крестата и е напишано на шкотски во скратена форма на полното мото: In My Defens God Me Defend.
Држачите стојат на обратни страни и двата ги носат круните на нивните кралства. Левиот држач е крунисан и опкован со ланци енорог, кој ја симболизира Шкотска. Десниот држач е крунисан лав, која ја симболизира Англија. Помеѓу секој држач и штитот стои копје (ланцета) на кое е истакнато знамето на секое кралство.
На грбот стои и мотото Nemo me impune lacessit („Никој не ме повредува неказнет“) како и, околу штитот, the околувратникот на Орденот на Црниот Трн.
[уреди] Други земји во Обединетото Кралство
Официјалната ирска кралска креста речиси никогаш не с епојавува на грбот на Обединетото Кралство, бидејќи, за разлика од Унитарниот Акт од 1700 г. со Шкотска, Унитарниот Акт од 1800 г. со ирска не предвидува посебна ирска верзија на кралскиот грб.
Меѓутоа четвртината со харфа е симбол на Ирска на обете варијанти на грбот. Поради ова, во шкотската верзија останува само една англиски четвртина, а во англиската останува само една шкотска четвртина. Така, Англија, Шкотска и Ирска се претсавени на сите верзии на кралскиот грб од времето кога сите тие потпаднале под еден владетел.
За разлика од ова, на кралскиот грб го нема Велс, бидејќи со Унитарниот Акт од 1707 г. Велс се сметал за составен дел на Англија согласно т.н. Акт за Велшките закони 1535-1542, и така може да се каже дека Велс веќе е претставен на англискиот грб. Велс бил кралство под власта на велшките кралеви, од кои некои го обединиле под една круна, но со англиските освојувања Велс престанал да постои како правен ентитет. Одтогаш, наследник на монархот е Принцот од Велс.
Со доаѓањето на власт на Тјудорските кралеви и кралици, кои самите биле од велшко потекло, велшкиот змеј почнал да се употребува како држач за кралскиот грб. Нивните наследници ова го отстраниле, па шкотската династија Стјуарти го замениле тјудорскиот змеј со шкотски еднорог како држач.
Во XX век, грбот на кнежевството Велс бил додаден како подштит кон грбот на Принцот од Велс. Како негова лична штандарта, во Велс се вее знаме со тој грб, со зелен подштит со неговата круна. Таканреченото Перје на Прницот од Велс е хералдичка значка, а не грб на штит, но во секој случај ова не е велшки симбол. Перјето води потекло од англиските принцови на Велс (кои пак ова му го должат на подвиготна Едвард, Црниот Принц во битката кај Креси) и носи германско мото. Во секој случај, перјето не е дел од кралскиот грб, а Принцот од Велс од него се откажува кога ќе стане крал.
[уреди] Употреба
Кралскиот грб како што е прикажан погоре може да го користи само самата кралица. Тој исто така може да се најде и во судниците, since бидејќи во Обединетото Кралство монархот е извор на право и судот е дел од дворот на владетелот (затоа на англиски court значи и „двор“ и „суд“). Судиите официјално се претставници на Круната, и затоа зад судијата на ѕидот стои кралскиот грб.
Британската влада исто така го употребува кралскиот грб како национален симбол на Обединетото Кралство, и, во тоа својство, грбот може да се види на разни владини документи и формулари, пасоши, на амбасади и конзулати и тн. Меѓутоа, кога е во употреба на владата, а не на самиот владетел, тогаш грбот е прикажан без шлем. Ова е случај и со шкотскиот грб, верзија во употреба на Министерството за Шкотска.
Кралскиот грб редовно се појавувал на монети Кралската ковачница меѓу кои, на пример, од 1663, Гвинејата и, од 1983 наваму, монетата од £1. Во 2008, Кралската ковачница има издадено серија нови дизајни за сите седум монети од £1 и надолу, од кои секоја го содржи кралскиот грб. Целосниот кралски грб стои на монетата од една фунта, на другите помали монети стојат негови делови, така што би можеле заедно да се состават како сложувалка и повторно да го сочинат целиот грб.[2]
Кралицата доделува Кралски повластици на разни фирми кои го снабдуваат кралското семејство. Со ова фирмите можат да го истакнуваат кралскиот грб на нивните продавници, производи и репроматеријали.
Кралската штандарта е знаме со мотиви од грбот, кое се вее кога кралицата престојува во дворецот, како и на јавни згради само кога е присутна кралицата. Во кралските резиденции како во замокот Виндзор или Бакингемската палата, главната резиденција на кралицата, кралската штандарта се вее со цел да се покаже дека кралицата престојува таму. Овој протокол подеднакво важи и за резиденциите на кралицата во Шкотска, (Холирудската палта и замокот Балморал), каде се вее кралската штандарта за Шкотска. Кога монархот не престојува, се вее државното знаме, а пак во Шкотска се вее древната кралска штандарта на Шкотска.
Кралскиот грб се користи и како симбол на судовите на Британска Колумбија, Канада.[3]
[уреди] Историја
Денешниот кралски грб е комбинација од грбовите на кралствата кои го сочинуват Обединетото Кралство, и можат да се проследат сѐ до првиот грб на кралевите на Англија и кралевите на Шкотите. Низ годините се јавуваат разни промени, особено со придодавање на грбовите на други освоени или барани територии. Оваа таблица ги проследува промените во кралскиот грб од првите грбови на кралот на Англија, Хенри II и кралот на Шкотите, Вилијам I.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||